Николија, која е позната како ќерката на Весна Змијанац предизвикува огромно внимание во спот во кој толкува зависничка од дрога.
Таа во новото видео лудува по забави, се бакнува со девојки и шмрка кокаин.
– Јас не сум таква. Сосема сум спротивна од ова во спотот. Не беше тоа кокаин туку шеќер. Сепак се работи за мои другари и песната многу ми се допаѓа па ја прифатив улогата, вели Николија, пренесуваат српските медиуми.
Се очекува спотот да го видиме наскоро.
Можеби навистина е спротивна од она во спотот, но сигурно е дека ужива да се забавува и да прави провокативни фотосесии. Фотографиите во продолжение не се дел од спотот!