Јута ги преслуша Лејкерси

Ослабените Лејкерси продолжуваат со лошите партии во НБА лигата. Во „Стејплс центарот“ во ЛА овој пат ги преслуша Јута победувајќи со 117-100, а нанесувајќи им го 12-от пораз од почетокот на сезоната.

Наспротив ЛА Лејкерс, Јута има раст на формата со трета едноподруго победа. Шест нивни кошаркари против „езерџиите“ забележаа двоцифрен број поени, најмногу Пол Милсап (24 поени со девет скока) и Мо Вилијамс со 22 поени и девет асистенции. Кај Лејкерси, по обичај, најефикасен беше Коби Брајант со 34 поени, но и доста промашувања, додека Двајт Хауард постигна скромни 11 поени, но имаше и 16 скока. Од екипата и натаму отсуствуваат По Гасол и Стив Неш.

Кармело Ентони се врати на теренот на импресивен начин и со 34 поени го предводеше Њујорк до тешка победа против Денвер од 112-106. Најголема помош му беа центарот Тајсон Чендлер со 15 поени и 12 скока и ветеранот Џејсон Кид со 17 поени и седум асистенции. Кај Денвер Тај Лосон забележа 23 поени.

Резултати: ЛА Клиперс – Торонто 102-83, Бруклин – Милвоки 88-97, Оклахома – Индијана 104-93, Њујорк – Денвер 112-106, Феникс – Орландо 90-98, ЛА Лејкерс – Јута 110-117.

- Реклама -