ЈСП објави ценовник за сите видови билети

timthumb

На својата интернет страна Јавното претпријатие Скопје објави нови цени на билетите, кои ќе стапат на сила од 1-ви јануари.

Од ЈСП сепак појаснуваат дека засега нема да има поскапување и ваквиот билет за едно возење ќе чини 35 денари, како за во градот , така и за во приградските населби. Ноќниот билет и со новиот тарифник е непроменет и чини 40 денари. Истите билети пак платени со мобилен телефон ќе чинат 40 и 50 денари.

Новина со тарифникот е и тоа што става временски рок за користење на билетот за десет возења, кој чини 250 денари за градски и 300 денари за приградски линии. Така од 1 јануари, наместо тој ќе мора да се искористи во рок од 15 дена, сметано од првото поништување.

Прочитајте и:  Скопје со редуциран јавен превоз, партиите со предлози и барање за оставка на градоначалничката Арсовска

Од 1 јануари ќе можат да се користат електронскиот временски билет од 90 минути и дневниот билет кои ќе чинат 60, осносно 120 денари. Цената на месечниот билет за студенти и ученици останува 1050 денари, или 600 денари за летните месеци

Сите цени погледнете ги на нивната страна.

- Реклама -