Јово Вангеловски разрешен од функцијата судија

По две години неуспешни обиди за мнозинство за разрешување на претседателот на Врховниот суд – Јово Вангеловски, денеска Советот успеа да собере 8 гласа „за“ и го разреши од функцијата претседател, како и од функцијата судија, поради нестручно и несовесно постапување.

Зад затворени врати, судскиот совет расправаше по претставка поднесена од невладината организација „Зелена Лупа“, со која Вангеловски се товари дека со својата одлука го овозможил бегството на обвинетиот во случајот „Труст“ – Сеад Кочан.

Покрај Вангеловски, разрешени се уште двајца судии.

 

- Реклама -