Специјалната јавна обвинителка е во фокусот на вниманието откако јавноста почна да ја препознава во новинарските текстови како обвинител кој рекетира бизнисмени во соработка со Бојан Јовановски и Зоки Милевски.
На само 24 часа откако го даде својот исказ пред Вилма Русковска за случајот Рекет во својство на сведок, полицијата ја приведе Катица Јанева.
Основното јавно обвинителсто бара притвор за обвинителката Катица Јанева, соопшти првиот човек на Основното јавно обвинителство, Љубомир Јовески, на денешната прес конференција.
Јовески рече дека поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет”, осомничената обвинителка е веќе приведена.
Таа според ЈО направила прекршување на законите и има основана потреба да биде во притвор.
Јовески додаде и дека обвинителството поседува докази дека Катица Јанева од осомничените во случајот “Рекет”, за помошта која ја дала за нивното ослободување од притвор, добила награда – мебел во износ од 298 000 денари, додека претходно осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец во два наврати од Орце Камчев земале сума во износ од 1,5 милион евра.