Уметникот Филип Јовановски во интервју за Слободен печат зборуваше за неговиот проект „Градот како сцена“ со кој тој има настапено на последното издание на Млад отворен таетар.
„Тој проект е некакво спојување на она што ми е интерес, а тоа е градот и театарот, затоа што доста сум се бавел и се бавам со сценографија и градот како сцена за мене е уметничко истражувачки процес кадешто ги спојувам проблемите на градот и кога тие можат да станат сцена и практично тој проект се надоврзуа на методот на читање на згради и правење на претстави од згради, како зградата на Железничка станица, Универзална, Пошта…Јас се обидувам да ја поврзам архитектонската пракса, што е мој беградунд со театарската пракса и бидејќи самите проекти се интердисциплинарни помеѓу театар и град, направивме серија работилници со студенти од архитектура и од ФДУ“ посочи Јовановски.
Како добар пример за таквата интердисциплинарност, Јовановски ја идзвои претставата „Универзална во пламен“, како и настапот на Прашкото квадринале минатата година.
„Сепак она што беше повидлива соработка беше со Кристина Леловац на претставата “Универзална во пламен“ каде соработувавме со студенти од нејзината класа и беше доста интересно искуство. И последен сериозен проект за мене беше Прашкото квадринале за дизјан на перформанс и простор минатата година, каде за првпат го претставуваме националниот павиљон на Република Северна Македонија. Го куриравме со Кристина и вклучивме студенти и од архитектура и од театар и тоа беше интересно искуство за сите“