Jolla Tablet е новиот амбициозен проект на финската компанија која ветува дека ќе им понуди на клиентите најдобар таблет за мултитаскинг.
Откако компанијата го претстави својот паметен телефон, желбата на тимот да направи нешто уште поинтересно и иновативно се зголеми. За овој период екипата на Jolla дефинитивно не мируваше, туку направи неколку надградби, поконкретно 9, и исчисти околу 13 000 багови во својот оперативен систем Sailfish OS.
Ако сте го гледале видеото за Nokia N1 , значи сте свесни за параметрите на овој таблет. Па, Jolla Tablet не е многу различен од него. И тука имаме 7.9-инчен дисплеј со 2,048 x 1,536 резолуција, quad-Intel процесор, 2GB RAM и 32GB внатрешна меморија. И овој таблет ќе е од low-end и ќе работи со Android апликации. Она што ќе го одликува најмногу од сите други е токму способноста да се доживее задоволството од еден вистински мултитаскинг. Snap view на Windows и Multi Window кај Samsung се токму тоа во моментов, но Jolla ќе направи уште повеќе. Според нив, ова е едно од најважните и користи нешта во еден современ таблет или smartphone, па зато фокусот им е насочен таму.
Во оваа фаза компанијата се обратила кон Indiegogo за помош за Tablet, со тоа што објавената цена е 189 долари за првите 1000 примероци и 199 долари за следните 1000. Крајната сума, која е неопходна за да може да се реализира овој проект е 380 000 долари . Компанијата сака најмногу да привлече повеќе ентузијасти и корисници кои ќе помагаат уште во почетната фаза. Ако оди според планот, Jolla Tablet може да види бел свет во вториот квартал на 2015 година.