Јога-масажи кои моментално ги отстрануваат болките

Со помош на древните азиски техники, познати како јога за прсти, можете да ја ублажите главоболката, болката во грбот и уморот.

Доколку на вашето работно место постојано седите, тогаш вие веројатно припаѓате во онаа група луѓе која често чувствува остра болка во грбот. Проблемот ќе го решите со лесна масажа на надворешниот дел на левиот палец, од коренот кон врвот. Истото направете го и со палецот на другата рака. Така ќе ги смирите нервите на р’бетниот столб. За да бидат вежбите поефикасни, отстранете го целиот накит од рацете.

44201_43_630x0

Кога ќе ве заболи главата немојте веднаш да посегнувате по таблети, бидејќи можете мошне ефикасно да ја отстраните главоболката доколку ги споите врвовите на палците, показалците и средните прсти на двете раце. Домалиот прст свијте го, а малиот исправете го. Нежно притискајте ги јагодиците и истовремено полека вдишувајте и издишувајте. Повторувајте ја оваа вежба три пати во текот на денот по пет минути. Вежбајте со затворени очи бидејќи така полесно ќе се опуштите.

Енергетската точка за врат и рамења лежи меѓу малиот и домалиот прст. Штипнете го овој дел пет пати, па потоа со лесни кружни потези масирајте.

- Реклама -