Добредојдовте во Joben Bistro, посебен паб инспириран од steampunk- жанрот, лоциран во Клуј-Напока, Романија.
Подгответе се за посета во далеку од конвенционалниот дизајн и откријте го волшебниот свет на фикцијата. Фантастичниот паб, мистично заштитен ве носи назад во времето. Универзумот на Жил Верн, исполнет со фантазија и научно- фантастични приказни се појавува и оживува. За романското дизајн студио, 6th Sense, Joben Bistro претставува несомнено еден од највозбудливите и предизвикувачки проекти. Тоа е авангардно и несекојневно, индустриско и удобно во исто време и најпосле, е различно од сè што сте виделе досега!
Светлата, декорот, внимателно одбраните предмети, разиграноста која го опфаќа просторот, елеганцијата од месинг и бакар, инсталациите и богатството од детали привлекуваат внимание, и сите овие компоненти создаваат совршено „скривалиште“ за дружење со вашите пријатели во еден инспиративен амбиент.
Joben Bistro е поделен во три соби, и секоја од нив има свои особености. Соба бр. 1 е замислена како старомодна уметничка галерија. Втората соба, во која е и барот, може да се пофали со бетонските ѕидови и многу чудните инсталации. Соба бр. 3 е исполнета со предмети од сите видови. Чувството на интимност е зајакнато преку контастот меѓу прилагодливата светлина и темната боја на ѕидовите. Ова е место кое треба да се посети во Клуј!