Иако периодов беше доста зафатена промовирајќи ја нејзината книга за здрав живот „The Honest Life: Living Naturally and True to You“, сепак, тоа не ја спречи Џесика Алба уште еднаш да покаже дека е вистинска модна икона. Имено, на средбата во вторникот со нејзиниот агент, прекрасната 31-годишна актерка беше фотографирана во тенка кошула со нијанса на нежна розова боја, кремасто палто и тесни фармерки кои одлично прилегаа на нејзината фигура. Целокупниот изглед таа го заoкружи со високи потпетици во шеќерна боја и бела голема чанта.