Џенифер Гарнер на шопинг со децата

Не е лесно да останеш енергичен и ентузијастички расположен кога одиш на шопинг со двајца „клинци“. Но се чини дека Џенифер Гарнер, освен што е одлична актерка е и вистинска супер-мајка. Во средата таа беше забележана како оди на купување заедно со нејзините деца, воедно трудејќи се да одржи баланс додека двете ги држи во рацете истовремено. Иако гримасите на нејзиното лице покажуваа дека не и е воопшто лесно, сепак таа остави впечаток на навистина среќна мајка.

- Реклама -