Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападот на норвешкиот танкер

– Јеменските бунтовници Хути денеска ја презедоа одговорноста за ракетниот напад во Црвеното Море во кој беше оштетен танкер со нафта што пловеше под норвешко знаме.

„Поморските единици на јеменските вооружени сили пукаа кон  норвешкиот танкер Стринда, што превезуваше гориво за Израел“, изјави воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари.

Американската војска синоќа соопшти дека проектил истрелан од област под контрола на бунтовниците Хути погодил танкер со нафта во близина на брегот на Јемен, и нема жртви.

Танкерот Стринда бил погоден со крстосувачка ракета и избил пожар, соопшти американската воена команда на Блискиот Исток (Сентком) на платформата Х.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -