Јелена Розга неодамна објави фотографии кои ја покажаа и нејзината друга страна, а се фотографираше во секси и чипкаст комбинизон.
Неодамнешната фотосесија го покажа нејзиното ново лице, а таа ги воодушеви сите со нејзините нови фотографии.
„Баш во тој момент бев расположена и им реков на сите: -Одиме да си поиграме со движењата на женското тело и да го доловиме оној мистичен сексипил, да ја помешаме еротиката и мистичноста“, изјавила Јелена.
„Овој пат отидов чекор понапред и оставив да ме водат телото и емоциите. Луѓето беа изненадени од мојата трансформација“, рекла Јелена, откривајќи воедно што мажите сметаат за нејзин главен адут.
„Со мажите никогаш не се знае, но можеби токму тие во моите криви балерински нозе го виделе она што јас со години го сметам за моја маана“, додала пејачката која во нејзината последна песна пее за неверствата.
„Изневерував и бев изневерена. И тоа е се што ќе кажам за тоа. Да, поминав низ се, и излегов посилна и помудра, но не сакам да откривам никакви детали“, одлучно рекла Јелена.