Ултимативната победничка кога се во прашање гламурозните тоалети со кои секогаш остава силен впечаток изненади со нејзиниот конзервативен изглед.
Џенифер Лопез, позната како голем фан на кратки мини здолништа со кои ги истакнува нејзините секси нозе, на премиерата на филмот “Паркер“ се појави закопчана до грло и облечена во долги пантолони.
За нејзиниот конзервативен изглед латино дивата се одлучи за панталони со висок струк и кошула со црно-бели дезени вовлечена во панталоните и закопчана до грло која, сепак, ја истакнува женствената страна на Лопез.
Како ви се допаѓа повеќе?