Владата на Франција на вонредна седница донесе решение во последните три дена на неделата да ги направи бесплатни сите видови јавен транспорт во Париз и во целиот регион на метрополата.Причината за ова навистина ненадејно решение е високото ниво на загадување на воздухот во главниот град и предградијата. На оваа тема во метрополата се преземаат преголем број мерки, разни забрани, ограничувања…, но сепак ова со јавниот превоз е нешто навистина изнандувачки.
Со овој потег властите на земјата се обидуваат да ги стимулираат возачите да се откажат од приватниот превоз и на тој начин да се „спротистават“ на смогот во Париз. Јавниот транспорт во главниот град ќе престане да наплатува билети уште од 6 часот попладне во петокот и тоа ќе важи до недела навечер. Притоа регионалните власти ветија дека ќе ја поддржуваат работата со метрото, автобусите и трамваите во полн обем.
Можност за ваков еколошка чекор се предлага од властите и во другите градови на земјата, каде се забележуваат зголемени норми на загадувањето.