Голем број Јапонци одлучија да ги претворат едноставните, но популарни куклени кревети од ИКЕА во фасцинантни места за одмор на своите миленичиња.
20-доларските Dutkig се покажаа особено погодни за владетелите на интернет, кои – барем од овие слики – изгледа навистина ги ценат.
Врз нив можеме да сретнеме не само мачки, туку и зајаци и кучиња. Некои сопственици дури ги претвориле леглата во два и три катни.