Јапонците ќе го ловат вселенскиот отпад со рибарска мрежа

Се почесто се зборува за натрупувањето на вселенскиот отпад што човештвото го има оставено при сите вселенски активности и обиди. Се проценува дека во моментов, околу планетата кружат околу 100 милиони парчиња човечка технологија.

Земјата што најсериозно ги сфати предупредувањата – Јапонија. Јапонската Вселенска Агенција, заедно со компанија – познат произведувач на рибарска опрема, разви мрежа долга 300 метри и широка 30 сантиметри. Мрежата ќе биде лансирана следниот месец, а штом ќе се растегне, се очекува да генерира магнетно поле доволно силно за да ги привлече вселенските остатоци во близина.

Space junk cover

Важноста на мисијата не е за потценување. Облакот од отпад што кружи околу планетата содржи не само завртки и слични ситни делчиња, туку и преку 22.000 парчиња поголеми од 10 см, што се сериозна закана за стотиците сателити во орбитата, но и за Меѓународната Вселенска Станица. Секое од овие парчиња може да предизвика верижна реакција што ќе ја оштети целокупната комуникациона мрежа на Земјата.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Се очекува тестот да биде прв од многуте, а агенцијата се надева дека до 2019-та ќе испрати мрежа долга речиси 6.5 километри и дека ќе успее да го расчисти најголемиот дел од вселенското ѓубре. Не е познато што всушност ќе направи Агенцијата со отпадот откако ќе го собере, но да се надеваме дека нема да го искористи за некое супер-оружје со кое ќе го пороби светот.

- Реклама -