Јапонските улици наскоро ќе мирисаат на чоколадо, а за тоа ќе биде заслужна канализацијата.
Имено, четири јапонски компании одлучија да се здружат и заеднички да ја закамуфлираат одвратната смрдеа која на улиците во јапонските се шири од камионите кои го транспортираат канализацискиот отпад. Тоа ќе го направат со помош на дезодоранс, како тој што досега се користеше во пелените и во производите за отстранување на мирисите од домашните миленици.
Камионите ќе бидат подмачкувани со масло помешано со специјално изработен мирис, со што смрдеата – која инаку се шири за време на исисувањето на канализацијата – ќе биде заменета со неодолив мирис на чоколада.
Јапонците не сметаат дека идејата е така сјајна, и стравуваат дека овој мирис ќе биде само дополнителна неудобност, особено со оглед на бојата на канализацискиот отпад.