Нина Аријанда ќе ја глуми Џенис Џоплин

Веќе подолго време се зборува за филмот Joplin, кој ќе биде снимен во стилот на популарните екранизации на најпознатите рок-легенди, а во случајов станува збор за реконструкција на животот и делото на Џенис Џоплин на големото платно.

Иако долго време се шпекулираше за тоа која глумица би можела да ја толкува главната улога во овој филм, одлуката конечно падна на театарската актерка Нина Аријанда, позната по улогите во филмовите Win Win и Tower Heist, а најголема популарност стекна со филмот Midnight in Paris на режисерот Вуди Ален.

Досега се спомнуваа голем број имиња на кандидатки што би можеле да ја оживеат харизматичната Џоплин на филмското платно, а меѓу нив се вбројуваа Пинк и Зои Дешанел, но улогата на крајот отиде во рацете на релативно непознатата Аријанда.

Филмот Joplin ќе го режира Шон Дуркин, а продуцентот Питер Њумен открил дека снимањето би требало да почне следната година, затоа што моментно филмската клапа е во преговори за термин, со буџет помал од 20 милиони долари. Тимот зад филмот ги добил правата на користење на 21 песни од популарната пејачка, а целата филмска приказна ќе се базира на компилацијата Love, Janis, што ја објавија сестрата на Џенис, Лора и еден новинар од списанието Rolling Stone.

Џенис почина на 27-годишна возраст, но во нејзиниот краток живот беше една од најголемите икони на генерацијата од Вудсток.

{youtube}7JVxE2SYxo{/youtube}

- Реклама -