По 4 и кусур часа на распит во ОЈО, во друштво на адвокат, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева излезе порасположена за новинарски прашања од она што во последниов период, од објавувањето на аферата „Рекет“, навикнавме да (не) ја гледаме. Во брзите одговори на канонадата од новинарски прашања, Јанева со необјаснива доза на изненаденост го дочека прашањето за нејзиниот форматиран телефон. Наспроти она што на јавноста ѝ беше соопштено од страна на Обвинителството, Јанева негираше дека нејзин телефон бил форматиран и рече дека двата нејзини телефона се предадени на анализа во Обвинителството, додека оној форматираниот всушност бил трет телефон.
Во меѓувреме, македонските Твитерџии еднаков третман му посветија и на оној помалку сериозниот аспект од одговорот на Јанева, со посебен акцент кон делот „негираше“. Излезе дека нејзиниот одговор доследно доловува низа моменти од секојдневниот живот. Читајте ги најавите над видеата и ќе сфатите на што мислиме:
Утрински разговор со моите дома кога ќе се вратам во 6-7 саат сабајле од транс/техно журка: pic.twitter.com/qxEo8AKt8M
— Трале ТраЛаЛаИчи😎😎😎 (@BaceTrajce) August 20, 2019
Јас кога ќе ме прашаат дали ќе се мажам годинава pic.twitter.com/OQiX4erZb5
— Тетка Ики (@Tetkicai) August 20, 2019
Коа ќе ме викнат на пица а ја на диета: pic.twitter.com/Rkj8M3EXLU
— Сикарио (@sicario_mk) August 20, 2019
– Аман ма Жане земи ги париве за пиперот што ми го донесе, да не се расправаме сега колешки толку време, па нема смисла не ги зема прошли пут ни за праските.
Жане: pic.twitter.com/fxAMvi5kS9
— На Сузе малиот (@nasuzemaliot) August 20, 2019
– Боби! Стварно имаш 11 кеца у школо?!
– pic.twitter.com/cJKBRiIhoA— Žᴜᴛɪ (@rmfcmk) August 20, 2019