Јанева останува во притвор, не помогнаа ни становите на синот и ќерката

Доскорешната специјална јавна обвинителка бараше, но не доби укинување на мерката притвор и замена со поблаги мерки на претпазливост. Кривичниот суд го одби барањето поднесено од нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, иако таа се надеваше дека „олеснителни околности“ ќе биде влошеното здравје, пред сѐ психичко, на Јанева, како и тоа што таа во меѓувреме беше разрешена од функцијата и не може да влијае на предметите што „на СЈО“, а сега преземени од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Не помогна ни гаранцијата понудена во недвижен имот – меѓу кој и три стана, од кои два на име на децата на Јанева, едниот вреден 100, а другиот 60 илјади евра.

Против укинувањето на притворот на Јанева се изјаснило и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое го води случајот „Рекет“, во кој Јанева е третоосомничена.

Со тоа, Јанева останува во притвор, каде што ги одлежува вторите 30 дена, откако мерката ѝ беше продолжена.

 

 

- Реклама -