Јанева „не е расположена за разговор“, ама не дала наредба за претрес на колегите од СЈО

Тоа што вчера обвинителката Фатиме Фетаи била претресувана при влез во зградата на СЈО било недоразбирање, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во изјава за „А1он“.

Таква наредба Јанева тврди дека не издала, но притоа не  открива дали и што всушност наредила и во што точно се состои недоразбирањето, бидејќи, како што вели, не е расположена за повеќе разговор. Прочитајте ТУКА.

Како што потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Јанева е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“ во 10 часот во вторник.

 

 

- Реклама -