За разлика од лицата кои досега даваа исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на распит отиде со адвокат, кој ја пречекал пред влезот на ОЈО, објави „Фокус“.
Се работи за адвокатот Стеван Павлески, кој го брани бизнисменот Цветан Панделески, кој заедно со Орце Камчев е осомничен во случајот на СЈО „Империја“. И Панделески, како и Камчев, доби времен пасош со потпис на Јанева, а без согласност и без да биде известена обвинителката Лиле Стефанова, истакнува „Фокус“.
Според „САКАМДАКАЖАМ.мк“, пак, самиот факт што Јанева на распит отишла со адвокат, алудира дека не е повикана со статус на сведок.