Тешки денови за (сè уште) специјалната јавна обвинителка. Ден по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, Катица Јанева ја загуби својата мајка, а истото утро беше и приведена за вмешаност во аферата „Рекет“. Следниот ден на погpeбот присуствуваше во улога на притвореник, со забрана да комуницира со роднините, а по завршувањето на погpeбната церемонија, веднаш беше вратена во затвopoт во Шутка.
Во „Шутка“, пак, за Јанева немаше место во таканареченото „хашко одделение“, за кое се смета дека има нешто подобри услови, бидејќи тие ќелии се доделуваат по принцип „прв дојден, прв услужен“. Сепак, како што пренесува „Независен“, според извори од затворот, направена е безбедносна проценка и Јанева е сместена во соодветна ќелија, при што за неа се предвидени посебни безбедносни мерки. Со оглед дека станува збор за обвинител што гонел криминалци и од низок и од висок ранг, како за време на СЈО, така и претходно, Јанева е распределена во ќелија каде нема да биде во контакт со „пријателите“ обвинети за „Рекет“, но ниту со непријателите кои од претходно можеби ги има во затворот и кои евентуално би имале мотив да ѝ се одмaздaт. Сите детали ТУКА.