И новинарот Огнен Јанески вечерва реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека немало да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнат Владата.
Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден “педер”? Оооо… Боже Господе! Страхотно! Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, “час поскоро”, напиша Јанески.