Јанески: Каков срамен прес! Удри по народот и новинарите, никако немој по МВР, МПЦ, ИВЗ, власта, инспекторите!

Фејсбук статус на новинарот Огнен Јанески

Каква срамна прес-конференција. Уште посрамна и победна од таа во петокот. Ова е Македонија. Маалско гранапче, со народни пари и претставници на тој народ пренесувани преку сите медиуми во ист момент.

Прес-конференцијата на Филипче во петокот беше срам за гледање, зашто бедно за прв пат себеси се постави како политичар, а не како доктор и министер за здравство како што правеше во изминатите три месеци, па се вртеше во кругот на ПР тактики за справување со штета за време на криза. Но, неуспешно. Се виде според одговорите на прашањата на новинарите.

Денешната прес-конференција е уште посрамна! Наместо да слушнеме нешто кое ќе нѐ смири и ќе нѐ обедини, денеска слушаме урликање на микрофони, од повредени ега кои имаат ЛИЧНО прифатено да вршат јавна функција. Вперување прст повторно кон народот и кон се’ околу, освен таму каде што треба. Зарем 40-тина семејства не можат да се стават под контрола? Зарем 2 милиона треба да страдаат поради тие 40-тина семејства? Зарем не треба да соработуваат сите владини институции? Зошто не кажете јавно кој однатре ги кочи мерките?! Удри по народот и по новинарите. Немој никако да удриш по МВР, МПЦ, ИВЗ, власта, инспекторите! Немој! Немој кон нив да го посочиш прстот. Немој да кажеш дека тие дозволија луѓето да си се собираат по ифтари. Луѓе да си шетаат по паркови, да си прават „групировки“.

Денеска, д-р Караџоски од ИЈЗ излегува на прес-конференција и е ифрит-лут, вика и кара мали деца, зашто посочува дека тоа што КЗБ посочила за мерка, не се испочитувало, па работата нивна е исклучително отежната. Па за тоа го нападна народот, а нѐ нападна и нас – медиумите, сите на купче турени заедно. Оти не сме ја пренесувале неговата света стручност. Може ни е и лут дека не сме студирале и специјализирале со него епидемиологија, а притоа имаме интерес во неговата работа, која интердисциплинарно ги врзува и економијата, туризмот, угостителството, животот, социологијата, психологијата.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Сите околу се виновни. Никој не погледнува кон себе. Треба да се има на ум дека кога показалецот го вперувате кон некого, останатите три прста ви се вперени кон вас. Караџоски веќе заборава дека пресот не е за него, туку за пандемијата. Караџоски, како прав егоцентрик зборува за себеси и за КЗБ низ призма на часови на состаноците и испишани страници. Ние, ние, јас, јас, јас, јас… јас 13 министри, јас 8 директори, јас преку 20 години, јас, јас, јас, ние!

СЗО е загрижено за нас. Соседите нѐ отцепуваат. Не нема на листите за безбедни земји. А ние се караме за баклавата и за зелникот, додека нарцисите си плачат дека луѓето не ги мирисале нивните цветови.

Многу е лесно да се прави кризен менаџмент кога велите дека имаме „ВТОР БРАН“ на пандемијата, па демек имаме контрола врз „вториот бран“, па се бориме наново против овој „нов“ бран. Оти тој е нешто „ново“ сега. Една борба победена, сега е втората, па ја чекаме војната.

Но, ете, СЗО во Македонија не се согласува со вас. Вели дека ова е ескалација на првиот бран, односно негово повторно вивнување кон горе, а вториот бран ќе биде дури на есен или в зима. И притоа дека мора да се користат разумот и логиката сега, најмногу од сѐ.

Што значи дека првиот бран избегал од контрола. Што значи дека некој треба да си понесе одговорност, поради неспроведување на законите и уредбите кон граѓаните кои не ги почитувале мерките. Некој предложил, некој изгласал уредба, некој не спровел, па сега сите страдаат.

Едно мора да се има на ум, кое во четвртокот, на емисија го додадов на народната поговорка: „Додека покрај сувото го гориме сировото, ќе ни изгори и кошницата.“
#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! <3<3<3

- Реклама -