Јане Ченто до судот: Сакам да ме судите Вие, а не политичките елити

На денешното рочиште за 27 април, обвинетите Јане Ченто и Игор Југ соопштија дека нема да поднесат барање за амнестија.

„Со оглед дека овој предмет е тежок и предизвик и за вас како судии и за нас како обвинети, морам да му кажам на судот да има предвид дека покрај законот донесен од политичките елити, јас Јане Ченто сакам Вие, а не политичките елити да ме судат“, изјави Ченто, додавајќи дека сака јавноста да ја дознае вистината за 27 април.

Игор Југ целосно го поддржа излагањето на Јане Ченто, порачувајќи дека е време да покажеме дека имаме правна држава.

Целите изјави прочитајте ги на Фокус.мк.

 

- Реклама -