Јанакиески во болница, мора да биде опериран

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески повторно има проблеми со здравјето. Тој вчера заврши во болница.

Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.

Како што објави Курир, ѕидот на преткоморите кај срцето е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

Инаку, екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.

Јанакиески е веќе во приватна болница во Скопје. Тој досега три пати беше во притвор во Шутка. Првпат лани на 14 ноември минатата година, еден ден по бегството на Никола Груевски, по налог на Специјалното јавно обвинителство каде е обвинет во пет случаи.

Втор пат беше внесен во притвор по налог на Јавното обвинителство за организиран кримина и корупција во февруари каде е обвинет дека е еден од организаторите за нападот врз Собранието на 27 април. Тогаш во притвор беше нападнат од член на кумановската група осуден за „Диво насеље“. Последниот пат Јанакиески влезе во Шутка за случајот со планираната изградба на Шпанските скали на скопскиот плоштад.

- Реклама -