Јанакиески од утрово е во притвор, заслугата е на Груевски

Фото: СДК.мк

Поранешниот Министер за транспорт и врски – Миле Јанакиески, обвинет во пет случаи на СЈО, вчера во изјава за ТВ 21 го осуди бегството на Никола Груевски со зборовите:

„Најостро го осудувам ваквиот чин бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети”.

Веќе утрово неговото „предупредување“ се претвори во реалност. Како што потврдуваат од МВР, по одлука на Кривичниот суд, а донесена по бегството на Груевски, од утрово Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Владата – Кирил Божиновски, обвинет во случајот „Титаник“, се во притвор во Шутка.

Во вчерашната изјава за ТВ 21, Јанакиески беше во право за уште нешто: додаде дека е во Скопје, дека не планира да бега од Македонија, и дека ќе се појави на денешното рочиште за „Титаник“.

- Реклама -