При спроведувањето на поранешниот градоначалник на Карпош во Кривичниот суд, тој ги опцул новинарите кои биле присутни таму.
Како што пренесоа повеќе медиуми чии новинари биле на лице место, Јакимовски им се обратил со зборовите: „Ма идете у п**ку матер“.
По распитот ќе се знае дали на ексградоначалникот ќе му биде одреден притвор или мерка на претпазливост.
Во меѓувреме, од неговата матична партија ГРОМ излегоа со соопштение дека се сигурни дека се случува хајка против нивниот лидер.
Од партијата сметаат дека станува збор за политички монтиран случај поради јавното несогласување со политиките на власта.