Една од најсексапилните девојки од Гранд Ѕвезди често го привлекува вниманието со своите настапи, на кои секогаш е провокативно облечена, и на кои танцува заводливо.
Се чини дека младата пејачка Милица Павловиќ нема проблем пред јавноста да се појави во поинаква верзија.
Таа се сликаше во опуштено издание, без шминка, со колешката Александра Бурсач.
Многумина беа изненадени од оваа фотографија, па со голема брзина покрај неа оставија многу коментари, а Милица доби големи пофалби за нејзината природна убавина.