Ja платил сметката за вода со кокаин

Полицијата во  Флорида, се обидува да го  открие идентитетот на маж кој се обидел да ја плати сметката за вода со кокаин. 

Непознатиот маж влегол во канцеларијата  и поднел  плик во кој немало пари, туку  мала количина бел прав. Властите веднаш реагирале и пристигнале во канцеларијата со експерти ,  за да можат  да ја анализираат супстанцијата.

Белиот прашок се испоставило дека е  кокаин, а камерите го снимиле човекот кој бил облечен во маичка и кратки панталони, а  по исплатата  тргнал со велосипед.

- Реклама -