Веруваме дека сите барем еднаш во животот слушнале како некој ја изговара оваа реченица, која звучи навистина нелогично. Сепак, резултатите од новото истражување тврдат дека мажите навистина можат истовремено и да изневеруваат и да ја сакаат нивната понежна половина.
Како што наведуваат резултатите од новото истражување, 70% од мажите тврдат дека и понатаму ја сакаат својата партнерка иако барем еднаш ја изневериле. Истражувањето кое опфати 1500 мажи кои се во брак, покажале дека дури 65% од нив секогаш настојуваат да ги поправат работите во врска со нивните партнерки, додека само 8% од нив сакаат да се разделат кога се ќе тргне на полошо.
И додека од една страна за пофалба е тоа што мажите сакаат да си го спасат бракот, загрижувачки е фактот што неверството претставува бегство од лошиот период во врската.