Клара, матурантка од Вирџинија, била принудена да ја напушти својата матурска вечер, откако татковците на нејзините школски се пожалиле дека таа носи премногу краток фустан за да присуствува на забавата.
Таа се обидела да објасну дека тоа не е вистина и дека немаат право да и го направат тоа, но залудно. Заедно со неколку нејзини пријатели ( во знак на солидарност) ја напуштиле забавата изреволтирани од настанот.
– Бевме згрозени бидејќи над подиумот за танцување стоеа неколку татковци кои не го оттргнуваа погледот од нас. Додека не гледаа, си шепотеа нешто меѓу себе. Ми рекоа дека некои од татковицте се пожалиле на мојот изглед и танц. Ми рекоа дека првоцирам и дека би можела да ги поттикнам мажите на нечисти мисли , а јас дури не ни играв“, изјавила Клара, која што со плачење ја напутила најубавата ноќ.