Секоја година се избираат нови најсекси жени. И додека некои се со години на ТОП 100 листата, некои веднаш се качина на број 1.
Дека е на врвот на својата кариера младата актерка Џенифер Лоренс тоа уште еднаш го потврди. 22-годишната Оскаровка заблеска на врвот на Топ 100 во списанието FHM. Минатата година на врвот се најде актрката Мила Кунис која моментално е бремена и го чека своето прво дете со Ештон Качер.
Втора на листата се најде британската ѕвезда Мишел Кеган, а трета е се разбира Ријана, потоа манекенката Емили Ратаковски. Најголемо изненадување на листата е петото место кое го завзема актерката од серијата ‘Bing Bang Theory’ Кејли Куоко.
Идната мајка Скарлет Јохансон се најде на 10-тото место, а дивата Бијонсе на 12-тото место.