Претставници на американската Powerball лотарија изјавија дека бил извлечен рекорден џекпот.
Рано наутро претставниците потврдија дека биле продадени два добитни лозови: еден во Аризона и еден во Мизури. Уште 8.924.123 играчи добиле помали награди. Добитните броеви извлечени во средата биле: 5, 16, 22, 23, 29 и Powerball бројот 6.
Претставник на лотаријата набрзо по извлекувањето изјавил дека џекпотот изнесува 579,9 милиони долари, што значи дека кеш опцијата изнесува 379,8 милиони долари. Извлекувањето во средата вечер се надоврза на 16 последователни недобитни извлекувања по што Powerball џекпотот стана вториот најголем потенцијален џекпот во историјата на американската лотарија.
Во текот на денот лозовите се продаваа со стапка од 130.000 лозови во минута во целата земја, и рекордниот џекпот привлекол многу играчи кои многу ретко, дури и никогаш не играат лото.