Четвртооосомничениот во истрагата за набавката на Рашковски на софтверот кој никој не го користи, не успеал да го форматира телефонот пред да му биде одземен, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“, повикувајќи се на судско-обвинителски извори.
Според порталот, во една од пораките останати во телефонот, првоосомничениот Рашковски го советувал четвртоосомничениот како да разговара со обвинителите.
„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“, пишува, наводно, во пораката што ја испратил Рашковски.
Покрај ова, професори од Правен факултет за „САКАМДАКАЖАМ.мк“ потврдиле дека претрес имало и во канцеларијата на Рашковски. Притоа биле одземени компјутери на фирмата „Инвока“ на кои се наоѓал и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Како што посочува порталот, дел од кандидатите кои не поминале на тестирањето, веќе некое време се сомневаат дека некој ги продава шифрите со заштитените прашања за полагањето. Повеќе ТУКА.