Израелскиот МНР бара НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата, по контроверзната изјава на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Во светло на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканата за напад на Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им нареди на дипломатите итно да контактираат со сите членки на НАТО, повикувајќи на осуда на Турција и барајќи нејзино исфрлање од Алијансата“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Ердоган во неделата рече дека Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно-Карабах.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција
- Реклама -