Израелскиот амбасадор објасни зошто стоел на раце кај Пендаровски: Беше за добра кауза

Нешто по претседателот Стево Пендаровски, истата фотографија израелскиот амбасадор Дан Орјан ја објави и на својот Фејсбук профил, но со малку поинаков опис.

„Оваа фотографија, ‘стој на раце’ со израелскиот амбасадор Dan Oryan, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша Пендаровски.

Орјан, пак, напиша дека имал многу добра средба со претседателот, при што, помеѓу другото, го известил за иницијативата „Jumping together“ („Скокајќи заедно“) која има за цел поддршка на инклузијата на луѓето со попреченост во општеството.

„Претседателот ме праша дали навистина можам да го направам тоа… и праша дали можам да му покажам овде во канцеларијата. Реков ‘зошто да не… За добра кауза е…

Откако ја објави официјалната средба, тој ја сподели и оваа помалку официјална фотографија. Знам дека не е традиционална дипломатија. Но, ако морам да стојам на раце за да ја промовирам идејата за инклузија и партнерство со луѓето со попреченост, подготвен сум да го направам тоа и повторно. На многу места, подготвен сум да скокнам заедно и да застанам на раце… Се надевам никој не е навреден“, напиша амбасадорот.

- Реклама -