Израелската армија соопшти дека извршила голем напад врз центрите на Хамас во Газа, групата продолжи со големите ракетни напади врз Израел

Израелската армија денеска соопшти дека извршила голем напад врз центрите на Хамас во Газа. Израелските одбранбени сили и израелските воздухопловни сили ја потврдија операцијата, јавува Би-Би-Си. Хамас, пак, продолжи со големите ракетни напади врз Израел од Појасот Газа.

Беа погодени два бегалски кампа во Газа, неколкумина беа повредени и убиени.

Два бегалски кампа беа погодени од израелски воздушни напади во Газа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на палестинската управа. Наводно биле нападнати камповите Ал Шати и Џабалија, а неколку луѓе биле повредени или убиени, јавува Би-Би-Си. Постојат осум признати бегалски кампови во густо населениот Појас Газа.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа и Западниот Брег од саботата се искачи на 508, додека 2.800 луѓе се ранети, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Министерството соопшти дека во воздушните напади во Појасот Газа загинале 493 лица, а ранети се 2.751 лице, од кои 91 дете и 61 жена, додека бројот на жртвите на Западниот Брег достигна 15, од кои двајца малолетници, а околу 80 лица се ранети, објави WAFA.

Министерството за здравство соопшти дека четири лица починале, меѓу кои и малолетно лице, во Ерусалим, две во Рамала и Ал Бирех, четворица во Хеброн, две во Наблус, две во Ерихон и долината Јордан и едно дете во Калкилија.

Утре во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите – членки на ЕУ посветен на ситуацијата во Израел и регионот.

„Повикувам за утре итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Израел и регионот“, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на социјалната мрежа „Икс“.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Предупредувањата за ракетни напади се слушаа на различни локации низ Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Ерусалим, централниот регион Шефела и градовите околу Газа. Жителите на Ерусалим известуваат дека слушнале барем едно пресретнување на ракета над градот, објави „Тајмс оф Израел“, има извештаи за удари на отворен простор во Тел Авив и на автопатот Ерусалим-Тел Авив.

Израелската авиокомпанија „Ел Ал“ ќе започне со повеќе летови за враќање на резервистите кои се во странство во Израел, изјави денеска портпаролот на компанијата. Тој додаде дека ниту еден од летовите на компанијата не е откажан и дека многу од авионите на компанијата кои летаат кон и од Израел се полни со патници.

Израелскиот министер за инфраструктура Израел Кац нареди денеска веднаш да се запре протокот на вода кон Појасот Газа, откако се интензивираа борбите со палестинските милитанти.

„Наредив веднаш да се прекине протокот на вода од Израел до Газа. Вчера беа исклучени струјата и горивото. Она што беше во минатото, повеќе нема да биде во иднината“, напиша Кац на својот профил на мрежата „“Икс.

Претходно денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галан изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, како дел од борбата против Хамас.

Сирени предупредувајќи за ракетни напади се огласија денеска на северот на Израел и во централните израелски градови. Аларми се огласија во Регионалниот совет на Мевот ХаХермон и градовите Џифтах и ​​Рамот Нафтали во северен Израел. Во исто време, сирените за ракетни напади се огласија во градовите Холон и Ришон Лезион, во централниот дел на Израел, јужно од Тел Авив.

МИА

- Реклама -