Израелската армија со препораки до граѓаните да складираат храна, вода и лекови

Командата на израелската армија (ИДФ) објави упатства со кои им укажува на Израелците да се погрижат да се снабдат со храна и вода за најмалку 72 часа.

„Кампањата може да биде долга и важно е секое семејство да се погрижи да има вода, храна, лекови и потребна опрема за итни ситуации“, се вели во соопштението.

Тие препорачаа луѓето да проверат каде е нивното најблиско засолниште за заштита од бомбардирање.

МИА

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас
- Реклама -