Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан

Израелската армија (ИДФ) потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан, што го опиша како „предупредувачки напад“.

Ова е прв извештај за напад со беспилотно летало откако вчера изутрина стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

ИДФ објави дека ги идентификувала осомничените, кои со возила пристигнале во неколку области на јужен Либан, што претставува прекршување на прекинот на огнот, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата отвори оган врз осомничените во областа Маркаба, но немала намера да убие никого.

Либанските медиуми јавија дека во нападот се повредени најмалку две лица, додека Израел најави дека ќе преземе соодветни мерки против секое прекршување на примирјето.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила вчераутро, како дел од договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

Прочитајте и:  Либанците го слават примирјето со Израел
- Реклама -