Израелската армија испраќа засилување против милитантите на Хамас

Израелската армија соопшти дека испраќа денеска засилување против милитантите на Хамас кои се уште се на израелска територија, еден ден откако упаднаа преку границата од Газа.

„Непријателот сè уште е на теренот во Израел“, изјави воениот портпарол Даниел Хагари на прес-конференција.

„Ги зајакнуваме нашите сили, особено во близина на Појасот Газа“, рече тој, додавајќи дека армијата погодила 800 цели на Хамас во крајбрежната енклава.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -