Израелската армија ги повика жителите на Кан Јунис да бегаат

Израелската армија ги повика палестинските жители на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа да бегаат, јави ДПА.

Луѓето од четири други населби мора да одат во одредената безбедна зона во близина на брегот на Средоземното Море, изјави портпаролот на армијата за „Икс“.

ОН, хуманитарните организации и Палестинците велат дека е невозможно да се создадат безбедни зони во Газа поради жестоките борби што зафатија големи области и тековните израелски напади.

Портпаролот на израелската армија најави и четиричасовни тактички паузи во борбите во четврток, петок и сабота во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа и во Рафах на границата со Египет.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Овие паузи треба да ја олеснат испораката на помош за Газа, соопшти армијата.

Хуманитарните организации предупредија дека жителите на Газа би можеле да се соочат со глад доколку не се достави повеќе итна помош во храна.

На почетокот на војната пред повеќе од три и пол месеци, војската го повика палестинското цивилно население во северниот дел на Појасот Газа да се пресели на југ поради сопствената безбедност.

Меѓутоа, по проширувањето на израелската копнена офанзива на југ, луѓето повторно беа принудени да ги напуштат местата каде најдоа прибежиште.

- Реклама -