Израел: Има празнини во мировните преговори за Газа, следната недела продолжуваат разговорите

Делегација на Хамас предводена од Калил ал Хаја денеска во Бејрут се сретнала со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, при што палестинската група информирала дека се согласила со предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа

Портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека остануваат празнини кај Хамас за тоа како да се обезбеди прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, но Израел ќе испрати делегација за разговори со катарските посредници следната недела.

Шефот на Мосад денеска ја одржа првата рунда разговори во Доха и се врати во Ерусалим. 

„Беше договорено следната недела израелските преговарачи да отпатуваат во Доха за да ги продолжат разговорите. Се уште има празнини меѓу страните“,

се вели во соопштението на портпаролот. 

Делегација на Хамас предводена од Калил ал Хаја денеска во Бејрут се сретнала со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, при што палестинската група информирала дека се согласила со предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според неименувани извори, Хезболах се согласил да ги прекине нападите врз Израел доколку се постигне прекин на огнот во Појасот Газа.

Хамас, исто така соопштил дека е против какви било изјави и позиции за поддршка на плановите „странските сили“ да влезат во Појасот Газа „под кое било име и под кој било изговор“.

- Реклама -