Го знаете ли потеклото на една од најпознатите пејачки од балканските простори? Иако е родена во Белград, презимето на Јелена Карлеуша потекнува од Лика.
Податоците за потекло на презимиња и нивно значење кажуваат дека носителите на презимето Карлеуша го слават Св. Илија.
Според Загорка Вавиќ Грос, авторка на книгата „Презимињата се чувари на нашиот јазик“, презимето Карлеуша е настанато од прекари кои постоеле во западните краишта. Таа потеклото на ова презиме го толкува на следниот начин:
„Изведено е од придавката „карласт“ што значи долга, бушава ненегувана коса и се употребува во кајкавскиот дијалект во хрватскиот јазик, а го има и во словенскиот јазик. Во словенскиот речник се објаснува зборот со фраза од гермаскиот јазик lange haare, што значи долга коса. Суфиксот „уша“ се употребува за градење на именки со значење на женска личност со извесни недостатоци (има и пејоративно значење: спонзоруша). Зборот „карлеуша“ значи жена со долга, заплеткана, неизмиена коса, а подоцна под некои околности (непознати за нас) станува презиме.“
Што се однесува за овие простори, ова презиме стана препознатливо најмногу поради атрактивната пејачка. Потеклото на презимето го објаснивме, но малку се знае за Јелена Карлеуша дали во себе има словенска, но и црногорска крв.