Употребувана долго низ човековата историја, спомната во Библијата, ја има во почвата и во морската вода. Зборуваме за солта. Без неа не можеме да живееме здраво, но и преголемите количини знаат да бидат штетни. И додека се трудиме да постигнеме баланс, зад грб ни се провлекуваат неколку изненадувачки употреби на солта:
Избркајте ги мравките
Напрскајте сол во ходниците, на рамките на прозорите и секаде каде што мравките се провлекуваат во вашиот дом. Солта ќе ги држи настрана.
Отстранете ги дивите треви и растенија во дворот
Диви треви ви го напаѓаат плочникот во дворот? Истурете сол и жешка вода врз нив. Не само што не ја уништува околината, туку е и брз и ефтин начин ефективно да ги отстраните несаканите растенија.
Кажете им збогум на болвите
Ако вашето милениче има болви, исперете ја неговата куќа и ќебињата во солена вода. Ако сте загрижени дека ви ги донело паразитите во домот, истурете по малку сол врз теписите и втријте ги во ткаенината. Оставете ги така 12 часа, а потоа темелно поминете ги со правосмукалка.
Исчистете го скршеното јајце
Ако ви се скрши јајце на подот, посипете сол врз хаосот и оставете го така 20 минути. Потоа ќе можете многу лесно да го избришете.
Одржувајте ја рерната чиста
Ако ви претече нешто од подготвуваната храна по рерната или ринглата, посипете сол одозгора. Нема да чади, нема да мириса и најважно, ќе се испече во крцкава смеса што ќе можете лесно да ја исчистите.
Отстранете ги кафените дамки на пеглата
Напрскајте сол на хартиена фолија, поминете со пеглата и лесно истријте ја со средство за полирање сребро. Пеглата ќе изгледа како нова.
Отстранете ги дамките од филџанот за кафе
Наполнете го со 1/4 сол и неколку коцки мраз. Промешајте ја смесата, оставете ја половина час, а потоа исплакнете го филџанот со ладна вода. Ќе изгледа како нов.
Чувајте го автомобилското стакло безбедно од замрзнување
Натопете сунѓер во солена вода и пребришете ги стаклата на автомобилот. Нема да замрзнат, дури и ако температурата падне под нулата.
Свеќи што не капат
Натопете ги новите свеќи во силен солен раствор на неколку часа, потоа добро исушете ги. Кога ќе ги запалите, восокот нема да капе наоколу.
Припитомете ја скарата
Сипете малку сол на пламените што се создаваат од маснотијата што капе од месото. Ќе ги смири и пламенот и чадот, без да го изгаси или олади жарот (како што е случај кога истото го правите со вода).