Вечерва во МКЦ Галерија се отвора заедничка изложба на ликовните
уметници Елизабета Тошевска и Анета Стојчевска ,,НОВА ПЕРСПЕКТИВА /,,ТРАНСФОРМЕР“ ПРОДУКЦИЈА”. Изложбата ќе биде поставена до 4 декември.
,,Нова перспектива /,,Трансформер,, продукција” – е замислен како заеднички проект на ликовните
уметници Елизабета Тошевска и Анета Стојчевска, во кој, секоја со свој уметнички израз и
визуелна перцепција на уметничкото дело – скулптура, претставува нови поинакви
трансформирани видувања на мотиви/форми/принципи користени низ историјата на уметноста.
Елизабета Тошевска ја истражува женската фигура и воопшто жената низ времето и не запознава
со внатрешното длабокото -јас. Таа, преку делата ни прикажува интимен разговор со себе но во
истовреме го провоцира и поттикнува набљудувачот на размислување за времето што
непрекинато
изминува покрај нас и како неосетно остава траги на нашата личност.
Додека, Анета Стојчевска инспирана од ликовната уметница Рејчел Вајтрихт и нејзиниот принцип
со користење на негативи, израборува макети од огледала на нов проектиран простор-просторија,
истите ги умножува со мала видлива разлика во нивните големини, доближувајќи ги до производ
од сериско производство.
Покрај заедничкиот наслов дополнително е замислено користење на одделни наслови и
поднаслови аплицирани-испишани кај фотографиите од скулптурите на Елизабета Тошевска и кај
скиците плановите на Анета Стојчевска, поставени во простор визуелно физички одделен од
просторот во кој би биле поставени: скулптурите и 3Д макетите од огледала.
Нова перспектива/Трансформер продукција – е заеднички проект на ликовните уметници
Елизабета Тошевска и Анета Стојчевска, во кој, секоја од авторките, со својот специфичен
уметнички израз и визуелен пристап кон уметничкото дело – скулптура, презентира уникатно
видување на мотиви/форми/принципи, користени низ историјата на уметноста. Идејата да се
пристапи на еден феномен од две различни перспективи ја чини оваа изложба уникатна не само
во формална, туку и во суштинска смисла. Елизабета Тошевска ја истражува жената и женскоста.
Но, не само од таа исклучива, родова перспектива, туку и воопшто жената како личност. Со тоа,
женскоста кај Тошевска не е надвор од ЈАС-то, затоа што сите „женски состојби“: радост, гордост,
тага (како што се насловени некои од нејзините скулптури), не се само женски, туку и длабоко
човечки и интимни, универзално човечки. Но, кај Елизабета Тошевска се прикажани низ
перспективата на женскоста, што сепак е специфичен родов принцип. Нејзините форми се
индимен дијалог со самата себе си, своевиден солилоквиум, разговор на душата сама со себе.
Тошевска, воедно е опседната и со времето и минувањето, затоа нејзините скуптури, покрај
есенцијалноста олицетворена во женскиот принцип, има и одредена егзистенцијалност, живост,
како во содржината, така и во формата. Апстрактниот пристап во фигурацијата на Тошевска, сепак
не е статичен; нагласениот формализам во нејзините фигурации има длабоко асоцијативен
скулпторски израз, што ги прави живи и допадливи. Затоа нејзиниот, дури и геометриски израз,
сепак е емотивен и скоро би рекле, персонализиран. Тоа не се ладни, стерилни геометриски
форми, ами јасно изразени антропоморфни, дури и персонализирани фигурации. Со тоа, тие
нималку не се апстрактни во својата содржина, затоа што длабоко проникнуваат во суштината и во
себе носат јасна емоција, јасна реминисценција на женскоста. Додека пак, уметницата, Анета
Стојчевска, инспирана од светски познатата ликовната уметница Рејчел Вајтрихт и нејзиниот
принцип на користење на негативи, изработува макети од огледала на нов проектиран простор-
просторија, умножувајжи ги истите со мала видлива разлика во нивните големини, доближувајќи ги
до производ од сериско производство. 3Д макетите на Стојчевска, всушност се одливи од
внатрешноста на новопроектираниот простор и претставуваат практично материјализирање на
внатрешноста, нејзино понадворешниување и со тоа раѓање од утробата на ништоста, додека во
исто време, sидовите постануваат празен простор – ништост. Овие понадворешнети внатрешности,
на Стојчевска се изработени од огледала и со конец се закачени на таванот, односно поставени да
висат на разни висини, притоа исполнувајќи го цел изложбен простор. При нивно распоредување
се води сметка за одредена естетска рамнотежа, но не се следи строг распоред. Овој, сосема
различен уметнички пристап на Анета Стојчевска, од оној на Тошевска, сепак заедно чинат една
комплементарна целина и можат да се гледаат како единственост. Покрај заедничкиот наслов
дополнително е замислено користење на одделни наслови и поднаслови аплициранииспишани кај
фотографиите од скулптурите на Елизабета Тошевска и кај скиците-плановите на Анета
Стојчевска, поставени во простор визуелно физички одделен од просторот во кој би биле
поставени: скулптурите и 3Д макетите од огледала. Со тоа, двете поставки чинат една целина и
можат да бидат перцепирани заедно.
Проф. д-р Трајче Стојанов, естетичар
Елизабета Тошевска (Скопје ,1972) е дипломиран вајар на ликовната академија во Штип кај
Проф. Слободан Милишески 2019г.
Самостојни изложби:
2023 – Младински културен центар ,, Нова перспектива/Трансформер продукција – Моменти ?
Таа ? -TAA! ” – Скопје
Групни изложби :
2016 – 10г.УГД – фотографии – НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов,, – Штип
2018 – плакати ,,Миграции,, – фоajе на Правен факултет – Штип
2018 – Градот Баргала,преку четката и моливот – НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов,, Штип
2018 – „Штипско културно лето“ – Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ Штип
2019 – 12г.УГД – НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов,, Штип
2019 – ,,Визија Скопје“– Плоштад Скопје
2020 – Кампања UNITEплакат ,,Кажи не на насилството врз жени и девојчиња “ 1 награда
2021 – МКЦ плакат ,,Здраво млади“ Скопје
2022 – Skopje light fest,, Врската помеѓу човекот и универзумот “- Скопје
Анета Стојчевска родена 14.05.1983 год. во Крива Паланка.
Дипломира 2009 год. на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на педагошки оддел, отсек
скулптура во класата на професор
Станко Павлески. Учествува на неколку колонии и групни изложби.
Самостојни изложби:
-Младински културен центар, Скопје, мај 2010 год,
- ЛУ Градски Музеј Кр.Паланка, Кр.Паланка, април 2016 год,
- Центар за култура, Крива Палнака, мај 2022 год,
- Skopje light fest, Скопје,септември 2022 год.
- ,, Нова перспектива/Трансформер продукција – Простор, јас, Рејчел, ти, sидови “ Младински
културен центар, Скопје, ноември 2013 год,
Награда: Студент на генерацијата 2003-2007 год.