Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски

Bo Културно-информативниот центар – Скопје, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија. Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници.

На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ СкопјеЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.

- Реклама -