Изложба на фотографии ,,AeternaNova” на отворањето на МакеДокс

Вечер во 20.00 часот во Куршумли Ан, во склоп на отворање на МакеДокс ќе биде поставена изложбата ,,AeternaNova” – изложба на фотографии на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС.

AeternaNova (кованица од латинските термини “вечна” и “нова”) презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19 от и почетокот на 20 от век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција.

Проектниот тим го сочинуваат Филип Петковски, куратор и режисер, Марко Марјановиќ, фотограф, Ивана Мојсовска Головска, постпродукција на фотографија.

Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл “Студио Фолклор” и Фолклорно студио “Етнос”.

- Реклама -